
Јасно е зошто Ерлинг Холанд го нарекуваат „машина за голови“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тековно се игра натпреварот од 2. коло на Лигата на шампионите помеѓу Монако и Манчестер Сити, а во центарот на вниманието е напаѓачот на гостите Ерлинг Холанд.
„Граѓаните“ водат по првото полувреме со 2:1, а стрелец на двата гола е токму Норвежанецот.
Овој натпревар е јубилеен 50-ти за Холанд во Лигата на шампионите.
Истовремено, постави рекорд за најмногу голови во првите 50 натпревари во елитното европско натпреварување. Со овие два против Монако, достигна до бројка од 52 гола.
Исто така, ова му е осми последователен натпревар оваа сезона на кој постигнува барем еден гол.