Јувентус во 29. коло од Серија А како гостин беше поразен (0:3) од Фиорентина, што значи дека падна на 5. место, 12 бода оддалечен од првото место.
Ова е втор тежок пораз за торинскиот гигант по ред, откако во минатото коло во Торино изгуби со 0:4 од Аталанта.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во ноќта по новото фијаско, спортскиот директор на Јувентус Кристијано Џунтоли стапи во контакт со Игор Тудор, известуваат италијанските медиуми.
Сè повеќе изгледа дека тренерот Тијаго Мота ќе добие отказ, а во Јувентус наследникот го гледаат во токму Тудор, кој наводно е заинтересиран за работата.
Ако Мота добие “отказ”, “Calciomercato” тврди дека Тудор е единствениот тренер кој моментално е достапен и кој би го прифатил овој “жешки компир”.
Хрватот последната работа ја имаше минатата година во Лацио кога брзо го напушти клубот, по само 11 натпревари, поради несогласувања со управата на клубот.