
Несекојдневна сцена се случи на денешниот натпревар помеѓу Лестер и Саутемптон во 35. коло на англиската Премиер лига, која ги насмеа фановите на најјаката лига во светот.
Во еден момент главниот судија на натпреварот, Дејвид Веб, заврши на теренот, откако имаше мал контакт со играчот на Лисиците Џордан Ају, и се фатил за глава.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Тогаш на сцената стапи легендарниот напаѓач Џејми Варди, кој дотрча до судијата и наместо него дуваше во свирчето за да ја прекине играта.
Брзо на местото на настанот пристигна и медицинскиот тим и му укажа помош на Веб, кој успеа да го продолжи натпреварот.
Инаку, Варди пред оваа несекојдневна сцена успеа да постигне и гол, со кој го донесе Лестер во водство од 1:0.
Да потсетиме, и Лестер и Саутемптон веќе испаднаа од Премиер лигата бидејќи одамна немаат никакви шанси за опстанок.
What is Vardy doing 😭😭😭😭😭 pic.twitter.com/5UPrGeUZS9
— george (@StokeyyG2) May 3, 2025