Дома Фудбал Хајдук го избрка, а Перишиќ постави рекорд во ЛШ: Вакво нешто не направил никој друг!

Хајдук го избрка, а Перишиќ постави рекорд во ЛШ: Вакво нешто не направил никој друг!

Фудбалерите на ПСВ синоќа по продолженија го елиминираа Јувентус со вкупни 4:3 и се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, а одличниот Иван Перишиќ постави нов рекорд во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус дома победи со 2:1, а Перишиќ го постигна единствениот гол за ПСВ во Торино.

Синоќа 36-годишниот Хрват во 53. минута постигна гол и во Ајндховен за 1:0, и на тој начин влезе во историјата на Лигата на шампионите.

Имено, со 36 години и 17 дена, Перишиќ стана најстариот фудбалер што постигнал гол на два последователни натпревари во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Перишиќ оваа сезона игра во извонредна форма, што сигурно најмногу ги боли навивачите на Хајдук.

Имено, нивниот миленик се врати во Хајдук во јануари 2024 година, по години повикување и со паролата “Време е!”. Но, по само седум месеци и 12 разочарувачки натпревари, го напушти клубот поради конфликт со тренерот Гатузо

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо по 13 години се враќа во Реал Мадрид

Големи промени се најавуваат во Реал Мадрид во пресрет на летниот преоден рок, а една од п…