
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, продолжува со својата голгетерска форма оваа сезона.
Англичанецот постигна два гола во триумфот на Баерн Минхен со резултат 3-1, со што го зголеми својот вкупен број на десет гола од почетокот на сезоната. Ако го додадеме и неговиот гол за репрезентацијата на Англија против Србија во Белград, тоа значи дека има вкупно 11 голови.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Кејн, во дресот на Баерн, одигра само шест натпревари, со нешто повеќе од 500 минути на теренот, но тоа му беше доволно да постигне 10 голови и да забележи три асистенции.
Да потсетиме, Кејн следното лето влегува во последната година од договорот, кога ќе наполни 33 години. Останува да видиме дали Баерн ќе му понуди продолжување на договорот или ќе одлучи да го продаде.