Дома Фудбал Ханси Флик: Не сакам моите внуци да гледаат такво однесување од нивниот дедо

Ханси Флик: Не сакам моите внуци да гледаат такво однесување од нивниот дедо

Менаџерот на ФК Барселона, Ханси Флик, отворено зборуваше за своето однесување на натпреварот против Џирона, кога доби црвен картон поради бурна реакција. Прво беше предупреден поради саркастичен аплауз упатен кон четвртиот судија поради одлуката натпреварот да се продолжи само четири минути, при резултат 1:1.

Кога Роналд Араухо постигна победнички гол, Флик стрча меѓу навивачите, што му донесе втор жолт картон и последователно исклучување.

„Ќе треба да си го сменам однесувањето“

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На прес конференцијата пред мечот со Олимпијакос во Лигата на шампиони, Флик призна дека не му било лесно да ги гледа снимките од своето однесување:

„Не ми е пријатно да се гледам во таква состојба на телевизија. Не сакам моите внуци да го гледаат својот дедо како се однесува така. Очигледно, ќе морам да го сменам однесувањето.“

Тој додаде дека сега емоциите се поизразени отколку порано во кариерата.

„Кога бев тренер на Баерн, се сеќавам на едно видео по натпреварот со Барселона – ги прославував првиот, вториот и осмиот гол на ист начин. Луѓето велеа дека никогаш не се смеам. Денес е поинаку, овој клуб ме промени комплетно. Можеби треба да научам да ги контролирам импулсите, но ја сакам Барселона и луѓето тука. Затоа секогаш давам сè од себе.“

Поради исклучувањето, Флик најверојатно нема да ја води екипата во следното коло на Ла Лига, кога е на програмата Ел Класико против Реал Мадрид. Од клубот најавуваат жалба за вториот жолт картон.

„Немав ништо против судијата. Не протестираав, но тој така го сфати тоа. Тоа морам да го прифатам,“ рече Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво гол ретко се гледа: Фудбалер во БиХ погоди од 40 метри! (Видео)

Фудбалерите на Батон извојуваа победа минатиот викенд во Добој кај Какњ над тимот на Младо…