Дома Фудбал Халанд се сликаше со Кабиб, но една порака од соблекувалната беше во центарот на вниманието (Фото)

Халанд се сликаше со Кабиб, но една порака од соблекувалната беше во центарот на вниманието (Фото)

Во соблекувалната на Манчестер Сити се појави силна мотивирачка порака токму во момент кога актуелниот шампион на Англија се наоѓа во еден од најпредизвикувачките периоди од сезоната.

Напорната недела, исполнета со сериозни повреди на Јошко Гвардиол и Рубен Диас, како и загуба на важни бодови против Челзи, оставила белег, но не го скршила духот во клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вниманието дополнително се зголеми откако Ерлинг Халанд објави фотографија со легендата на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов. Сепак, фокусот на навивачите не беа на познатите ликови, туку на пораката што се истакнуваше во позадината – порака која брзо стана вирална.

Пораката, која првично ја напишал еден навивач на Сити, гласеше:

“Притисок. Игарка. Потешкотии. Бевме овде и порано, туркани до крајните граници, а сепак ги освоивме сите титули. Тоа секогаш беше наш дух. Не се кршиме. Не паничиме. Не се откажуваме. Се приспособуваме. Реагираме. Ги претвораме поразите во решенија. Го менуваме текот на ситуациите, бидејќи тоа е нашата сила. Ние не сме слабаци, ние сме Манчестер Сити Фудбалски Клуб.“

Тие зборови завршија во соблекувалната на првиот тим, предизвикувајќи силна емоционална реакција кај авторот на пораката.

Навивачот, кој е автор на пораката, се огласи откако сфати дека неговите зборови стигнале до играчите:

“Драг Халанд, драги играчи на Манчестер Сити – благодарам што ја прифативте мојата порака. Не можам да поверувам. Солзи ми течат. Ви благодарам, навистина.“

Неговата објава дополнително ја зголеми чувството на заедништво меѓу поддржувачите на Сити во чувствителен момент од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Барселона ѝ беа потребни четири години да го исплати тренерот кој доживеа историски дебакл

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, откри дека чекал дури четири години за катал…