Дома Фудбал Гвардиола излезе на пресот со крвав нос и со лузни по лицето. Слушнете го објаснувањето

Гвардиола излезе на пресот со крвав нос и со лузни по лицето. Слушнете го објаснувањето

Нов неуспех на Манчестер Сити и неговиот тренер. Откако Пеп Гвардиола загуби пет натпревари во низа за првпат во својата тренерска кариера, се чинеше дека на импресивен начин ќе ја прекине серијата на домашен терен против Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите.

До 75. минута водеше со 3:0, но потоа по грешките на Јошко Гвардиол и Едерсон им дозволи на гостите да се вратат на 3:3.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По мечот, Гвардиола на прес-конференцијата се појави со крвава расекотина на носот и многу црвени гребаници и модринки на главата. На новинарско прашање од каде се тие рани, Гвардиола одговори: „Со ноктот си го пресеков носот“, а потоа со насмевка додаде: „Сакам да се повредам…“, стана и си замина.

Раните и лузните на главата на Пеп и неговата реакција пред камерите на прашањето што се случи со него ги загрижи навивачите на Сити, но и фудбалските навивачи воопшто.

Тие на социјалните мрежи пишуваат дека ова е доказ дека Гвардиола е под преголем стрес и дека итно му треба одмор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…