Дома Фудбал Гвардиола ги одвои играчите од семејствата на божиќната вечер – сите мораа да бидат во тренинг кампот!

Гвардиола ги одвои играчите од семејствата на божиќната вечер – сите мораа да бидат во тренинг кампот!

Mанчестер Сити ќе се обиде да ја прекине серијата на лоши резултати во денешниот натпревар од 18. коло на англиската Премиер лига во кој ќе бидат домаќини на Евертон. За целосно да се концентрираат на натпреварот кој започнува во 13:30, тренерот на тимот од своите играчи побара да преноќат во клубскиот тренинг-центар, наместо да божиќната вечер ја поминат во кругот на семејството.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Заедничкото ноќевање пред натпревари е практика што ја имаат во Манчестер Сити, но англиските медиуми се малку зачудени што Гвардиола одлучи да ја примени дури и на Божиќ. Сè е во служба на резултатите кои мора да се свртат зашто актуелниот англиски шампион победи само на еден од последните 12 натпревари, а во таа серија беше поразен девет пати.

Гвардиола им дозволи на играчите да го поминат денот во кругот на најблиските, но сите мораа да се соберат на вечерниот тренинг и потоа да останат во кампот. Во базата на Сити има 80 спални соби, а само за душеците и перниците потрошени се 150.000 фунти.

Девет порази во 12 натпревари е серија каква што во Сити не се случила долго време. Толку порази претрпеа во 106 натпревари што им претходеа на црната серија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона потврди дека Левандовски си оди, а потоа Флик донесе одлука за Рашфорд

Барселона вчера потврди дека Роберт Левандовски по четири години го напушта каталонскиот к…