Дома Фудбал Гвардиола е во лоши односи со Де Брујнe? Еве што одговори тренерот на Сити

Гвардиола е во лоши односи со Де Брујнe? Еве што одговори тренерот на Сити

Стручните коментатори Гери Невил и Џејми Карагер заклучија дека има кавга во соблекувалната на Манчестер Сити помеѓу менаџерот Пеп Гвардиола и ѕвездата Кевин Де Брујн и дека кавгата е причината поради која шпанскиот стручњак малку го користи својот белгиски играч за врска.

Заклучокот беше претставен во анализата на новиот пораз на Сити, овојпат од Ливерпул (0:2). Тоа беше седми последователен натпревар за Сити без победа и шести пораз на тимот на Гвардиола во таа серија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Де Брујн учествуваше во него со 11 одиграни минути. Белгискиот играч за врска извесно време паузираше поради повреда, но веќе некое време е активен и многумина се прашуваат дали е подготвен за поголема минутажа од она што му го дава Гвардиола.

Гвардиола го отфрла заклучокот на Карагер дека „нешто не е во ред меѓу нив двајца“ и размислувањата на Невил дека „нешто се случува во соблекувалната“.

„Луѓето велат дека имам проблем со Кевин. Мислите ли дека сакам да играм без него? рече Гвардиола на оваа тема и саркастично додаде: “Не, не сакам да игра. Не го сакам на теренот играчот со најмногу талент. Не. Имам проблем со него по девет години заедно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим не најде лек за „топџиите“, Арсенал лесно до победа🎥

Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 2-0 во дерби дуелот на „Емирати“ и така се доближи…