Дома Фудбал Гвардиол: Идол ми беше Рамос, а инспирација – мојот татко!

Гвардиол: Идол ми беше Рамос, а инспирација – мојот татко!

Манчестер сити успеа да ја прекине серијата на лоши резултати и по два месеци без пораз да го заземе своето место меѓу клубовите кои следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите. Ливерпул веќе го прослави насловот во Премиер лига, а Сити ќе се надева дека трофејот за победа во Комјунити Шилд ќе може да го додаде и трофејот на победникот на ФА купот. Во финалето на Вембли на 17 мај ќе играат за титулата против Кристал Палас.

Клубот на социјалните медиуми објави кратко интервју со Рубен Диас и Јошко Гвардиол. Првото прашање беше за Гвардиол и неговото враќање од позицијата лев бек на местото стопер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не ми беше тешко да се вратам на моето место, тоа ми е природно. Стопер играв долго време, тоа е во мене“, рече Гвардиол, а Диас додаде: „Не е дека ќе заборавите како да играте она што сте играле цела кариера по година или година и пол. Поради тоа и дојде во клубот, а тоа што толку добро играше на лев бек го натера тренерот да го види и како опција за тоа место“.

На прашањето за идолот за време на растење, Гвардиол рече: „Би рекол дека тоа беше Серхио Рамос. Но и татко ми е тој кој ме инспирираше и обликуваше во тоа што сум денес. Тој беше и сè уште е мојот најголем навивач. Тој е причината што сум денес тука“.

Таткото на Јошко, Тихомир, и откако неговиот син стана најскапиот бранител во историјата, сè уште напорно работи како рибар и продавач на риба.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…