
Арда Гулер стана мета на исмејување од навивачите на Барселона поради она што се случи кога судијата свиреше крај на финалниот дуел од шпанскиот Суперкуп, каде Реал Мадрид беше поразен од најголемиот ривал.
Фудбалската јавност е навикната на спектакуларни дуели во Ел Класико, а фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид не не разочараа ни синоќа бидејќи одиграа одличен натпревар.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Завршницата на ова натпреварување повторно се играше во Саудиска Арабија, а Барселона втора година по ред успеа да стигне до трофејот победувајќи го Реал Мадрид.
Каталонскиот клуб славеше со 3:2, а херој беше Рафина кој постигна два гола и одигра маестрален натпревар.
Еден гол за Барселона беше дело на Роберт Левандовски, а за Реал Мадрид погодуваа Винисиус Жуниор и Гонзало Гарсија.
Се разбира, навивачите на Барселона веднаш по завршувањето на натпреварот почнаа да се насладуваат на сметка на лутиот ривал поради уште една победа, а еден детал особено се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи.
Истото се случи кога судијата свиреше крај на натпреварот, и Арда Гулер направи нешто поради што го исмејуваат на интернет.
На Турчинот му беше тежок поразот од Барселона и беше многу лут, па сакаше да удре шише што беше покрај теренот, но се лизна и падна на задникот што еден навивач го снимил и објавил.
.Generational aura debt.
— Parsva (@Parsva_10) January 11, 2026
Arda Guler will be paying interest on this for a long time 🤣
pic.twitter.com/72FfYSX8F5