Дома Фудбал Готово е! Душан Влаховиќ се прости од навивачите на Јувентус.

Готово е! Душан Влаховиќ се прости од навивачите на Јувентус.

Душан Влаховиќ синоќа се прости од навивачите на Јувентус. Србинот си заминува, а за крај постигна гол во големата победа на Старата дама над Удинезе со резултат 2:0.

Србинот одби да потпише нов договор со значително намалување на примањата и Јувентус одлучи да го продаде летово. Синоќа 25-годишникот за последен пат истрча пред навивачите на ‘Бјанконерите’ и разделбата беше како што треба.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Влаховиќ влезе во игра во 73. минута наместо Рандал Коло Муани, а 15 минути подоцна постигна прекрасен гол за потврда на победата на Јувентус кој е на чекор од пласман во Лигата на шампионите.

За потврда на пласманот им е потребна победа против Венеција во последното коло или евентуален кикс на Рома на гостувањето кај Торино. Возбудувањата нема да недостигаат, а Влаховиќ ќе има шанса да се прости од Јувентус на голем начин.

И покрај тоа што има такви кои се уште се надеваат на неговиот останок, прославата на голот кажа сè. Никакви зборови повеќе не се потребни. Душан ги подигна рацете кон навивачите, потврдувајќи дека ова е неговото простување од Јуве.

За Влаховиќ има голем интерес. Турските гиганти Галатасарај и Фенербахче му нудат мегаломански договори, а го поврзуваат уште и со Арсенал и мадридски Атлетико, кој е најконкретен во последно време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почнува ремонтот во Манчестер: Јунајтед купува фудбалер од 70 милиони евра

Манчестер јунајтед е во завршна фаза на трансферот на Матеус Куња (25) од Вулверхемптон. С…