
Австрискиот дефанзивец Давид Алаба ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона, според денешното соопштение.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако помина последниве пет години на „Бернабеу“, триесет и двегодишниот играч не ги исполни целосно очекувањата. За клубот одигра само 129 натпревари, постигна пет гола и забележа девет асистенции, а честите повреди беа главната причина што неговото време во Мадрид не беше толку успешно.
Поради повредите, пропушти повеќе од 110 натпревари во последниве години.
Во својата 32 година овој летен период ќе бара нов клуб и веќе има неколку понуди од Европа и пошироко. Веројатно ќе биде Саудиска Арабија или можеби МЛС лигата. Не е исклучено да ја продолжи кариерата и во Турција, италијанската Серија А…