Дома Тенис Ѓорческа стартуваше со победа на турнирот во Грузија

Ѓорческа стартуваше со победа на турнирот во Грузија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно ја оправда фаворитската улога и обезбеди пласман во осминафиналето на ИТФ турнирот што се одржува во Грузија, совладувајќи ја домашната претставничка Зозија Кардава со убедливи 2:0 во сетови.

Во првиот сет се водеше неизвесна битка, при што двете тенисерки имаа проблеми со реализацијата на својот сервис. Сепак, Ѓорческа успеа да направи еден брејк повеќе од Кардава – вкупно пет – што ѝ донесе предност и освојување на сетот со 7:5.

Во продолжението Ѓорческа ја презеде контролата на теренот, наметна поагресивен ритам и дозволи само два гема на противничката, освојувајќи го вториот сет со убедлива игра.

Во наредната фаза, македонската репрезентативка ќе се соочи со победничката од дуелот меѓу руската тенисерка Анастасија Тиконова и домашната Софија Шапатава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…