Дома Фудбал Голманот на Милан суспендиран поради навредување на судија

Голманот на Милан суспендиран поради навредување на судија

Голманот на фудбалската екипа на Милан, Мајк Мењан е суспендиран на еден натпревар поради непочитување на судијата по мечот против Лацио, објавија денеска италијанските медиуми.

Милан во неделата загуби од Лацио со 1:2 во првенството, а Мењан му се обрати на судијата на навредлив начин во тунелот на стадионот Сан Сиро на патот кон соблекувалните.

Како што пренесоа медиумите, францускиот голман беше казнет и со 15.000 евра.

Мењан така ќе го пропушти натпреварот против Лече во Серија А, на 8 Март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мојс разочаран по ремито на Евертон со Хал

Евертон не успеа да ја задржи предноста против Хал, завршувајќи со реми, што го остави Деј…