
Мароко во 1/16 финалето на Светското првенство ја елиминираше Холандија по подобро изведување пенали.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот во регуларниот дел понуди два гола, а Холанѓаните стигнаа до предност.
Иако Мароко беше многу подобра екипа, Гакпо во средината на второто полувреме постигна гол за водство на својот тим.
Мароко во 91. минута преку Исса Диоп успеа да израмни, и се избори за продолженијата на овој натпревар.
Имаше само една вистинска шанса во продолженијата, а ја имаше Рахими токму за Мароко во 96. минута и промаши чиста шанса.
Голманот на Мароко Боно „танцуваше“ по гол линијата, а ударот го одбрани без да се фрли, создавајќи лудило на стадионот.
Бро овој Боно метод мора да се изучува 😂pic.twitter.com/6aPdl4eMf7 https://t.co/9wVyHwyCfu— Стоп Затоа Меси (@stopthatmessiii) 30 јуни 2026