Дома Останати Кошарка Голден Стејт во голем проблем – Кари ќе мора да паузира!

Голден Стејт во голем проблем – Кари ќе мора да паузира!

Стеф Кари ќе го пропушти следниот натпревар на Голден Стејт поради повреда. 

Како што информира Шамс Чаранија, најдобриот играч на “воините” има повреда на задната ложа, добиена на претходниот натпревар против Минесота. 

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Најдобриот шутер на сите времиња ќе мора да прави терапии за да може што побрзо да оздрави и се врати во серијата, а ќе отсуствува најмалку еден натпревар. 

Она што е можна опција е Кари да одмара цела недела, што би значело дека ќе ги пропушти трите натпревари. 

Голден Стејт победи на првиот натпревар против Минесота со 99:88. Следниот ќе се одигра во ноќта помеѓу четврток и петок, со почеток закажан за 2 часот и 30 минути.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Откриено што точно ѝ пресуди на врската на Лука Дончиќ и Анамарија Голтес

Лука Дончиќ и Анамарија Голтес моментално водат жестока судска битка за старателство над д…