Дома Фудбал Го повлече Кукурела за коса, па доби црвен картон. Погледнете што се случи

Го повлече Кукурела за коса, па доби црвен картон. Погледнете што се случи

Стоперот на Саутемптон Џек Стивенс доби црвен картон во 40. минута од натпреварот против Челзи (1:5) во 14. коло од Премиер лигата.

Домашниот тим остана со играч помалку кога резултатот беше 3:1 за Челзи, а тоа беше затоа што Стивенс го повлече за коса дефанзивецот на Челзи, Кукурела. Ситуацијата можете да ја погледнете ТУКА.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Стивенс веднаш беше исклучен од страна на судијата Харингтон, што ја надополни и онака лошата ситуација на Саутемптон.

Челзи поведе во седмата минута со голот на Дисаси. Арибо израмни четири минути подоцна, но во 17. минута Кристофер Нкунку ги доведе гостите во водство. Третиот гол за Челзи го постигна Мадуеке во 34. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баварците синоќа го победија Реал, па ѕвездата на Баерн соопшти во кој клуб ќе оди летово

На стадионот Сантијаго Бернабеу, бевме сведоци на навистина фантастичен натпревар помеѓу Р…