Организацијата на завршниот турнир во Купот на Македонија за 2025 година беше доверена на клубот Кожув од Гевгелија.
Турнирот ќе се одржи од 13 до 15 февруари 2025 година, во спортската сала „26 април“ во Гевгелија, каде што ќе учествуваат најдобрите тимови во машка и женска конкуренција.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Во четвртфиналето на машката конкуренција, тимовите ќе се соочат во следниве дуели:
- ТФТ против Гостивар
- Пелистер против Чаир
- МЗТ Скопје против Работнички
- Куманово против Кожув
Во женскиот дел на турнирот, во полуфиналето ќе се судри:
- Крива Паланка против Вардар
- Баскет Кам против Бадел
Коментари