Дома Останати Кошарка Гевгелија ќе ја организира завршницата од Купот на Македонија

Гевгелија ќе ја организира завршницата од Купот на Македонија

Организацијата на завршниот турнир во Купот на Македонија за 2025 година беше доверена на клубот Кожув од Гевгелија.

Турнирот ќе се одржи од 13 до 15 февруари 2025 година, во спортската сала „26 април“ во Гевгелија, каде што ќе учествуваат најдобрите тимови во машка и женска конкуренција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во четвртфиналето на машката конкуренција, тимовите ќе се соочат во следниве дуели:

  • ТФТ против Гостивар
  • Пелистер против Чаир
  • МЗТ Скопје против Работнички
  • Куманово против Кожув

Во женскиот дел на турнирот, во полуфиналето ќе се судри:

  • Крива Паланка против Вардар
  • Баскет Кам против Бадел
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Брутален трипл-дабл на Јокиќ: Денвер ја прекина црната серија ВИДЕО

Кошаркарите на Денвер победија како гости во Чикаго (136:120), во натпревар од НБА лигата.…