
Познатиот Италијан Џенаро Гатузо ќе го напушти Хајдук на лето, по натпреварот против Ријека во недела на Пољуд, а потоа и против Шибеник како гостин.
“Ова ќе биде дефинитивно мојот последен натпревар на Пољуд. Имам уште една година од договорот, но заедно со адвокатот и соработниците работиме на тоа. Ништо од парите не сакам, никаква оштета не сум таква личност. Само парите од тоа што сум го одработил, а она што не сум, не го заслужувам”, рече Гатузо.
Под негово водство, Хајдук оваа сезона долго беше во активна трка за титулата, која ја нема освоено 20 години, но сега не изгледа извесно дека ќе стигне на стадионот Пољуд. Две кола пред крајот, Сплиќаните имаат пет бодови помалку од Ријека и четири помалку од второпласираниот Динамо. Пред разделбата, тој им кажа на Хрватите што мисли за нивната лига, додека неговиот тим на тренинг го чува специјалната полиција од навивачите.
“Мислам дека е многу интересна и ме радува бидејќи гледам играчи родени 2005 или 2006 година како играат и се протагонисти. Нивото на фудбалот во Хрватска воопшто не е лошо, вие сте фудбалска сила, како репрезентација постигнавте неверојатни успеси. Инфраструктурата би требало да се подобри, а тоа е и прашање на државата, да се вклучи и да направи фудбалот биде што подобар”.
Гатузо изјави дека би можел да зборува два часа пред навивачите на Хајдук за тоа што го доживеал во изминатите 11 месеци, колку што ги води Сплиќаните.
“Ова е голем клуб сместен во мал град, а кога голем клуб е во мал град, тогаш сè е многу тешко. Почувствував голема страст која секој ден ме растопуваше и ме погодуваше, Хајдук овде е стил на живот, родителите ги водат децата од три-четири години на стадион. Почувствував голема гордост што го тренирав ваков голем клуб”, рече тој.
Сепак, пред разделбата мораше да открие и што многу му смета и што го тишти.
“Хајдук е клуб со голема историја кој долго време ништо не освоил и многу се очекува од него. Имам некое искуство во фудбалот, па морам да кажам дека клубот тешко може да функционира на овој начин. Тоа го забележав овде. Овој начин на управување со клубот не функционира како што треба, треба да се користи сосема поинаков стил. Во сите овие месеци не дојдов ‘лице во лице’ со луѓето кои стојат зад клубот, а секогаш сакам да знам кој ја носи одговорноста”, изјави Гатузо.
“Не би влегувал во детали, но управувањето и раководењето со клубот е тоа што ме загрижува. Ако гледате други клубови во Европа, никогаш не сум видел дека на овој начин се води клуб. Многу е тешко да се функционира во ваква секојдневие, кога знаеш дека нема пари. Престојниот трансфер период доаѓа, а ти немаш пари. Кој е поважен, претседателот на Управата или надзорниот одбор? Не ми е целта да полемизирам, дојдов да работам и работев најдобро што знаев. Сакав да напредувам, не успеав. Ме радува што моите играчи ми го дадоа срцето. Морав да кажам дека во јануари имав понуди да заминам, но не сакав. Тешко е да се работи кога знаеш дека не можеш ништо да поправиш. Тоа тогаш не може да оди напред”, изјави темпераментниот “Рино” Гатузо.
Познатиот Италијанец беше во текот на играчката кариера срце и душа на големиот Милан од почетокот на 21-виот век. Освои две титули со „росонерите“ и два пати беше шампион на Лигата на шампиони, во 2003 и 2007 година. Стана тренер во 2011 година, откако заврши за “А” тренерска лиценца во периодот кога сè уште беше играч на Милан. Го водеше Сион, Палермо, ОФИ од Крит, Пиза, младиот тим на Милан (“Примавера”), седеше и на клупата на првиот тим од ноември 2017 до мај 2019, потоа го тренираше и Наполи, со кој освои Куп на Италија.
Како тренер ги водеше Фиорентина, Валенсија и Марсеј пред минатото лето да пристигне во Хајдук..
Фото: HNK Hajduk Split/FB