Дома Фудбал Гатузо го советуваше Милан пред гостувањето на „Максимир“

Гатузо го советуваше Милан пред гостувањето на „Максимир“

Динамо в среда ќе го дочека Милан на загрепски Максимир во натпревар од Лигата на шампионите.

Натпреварот го коментираше тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо, за Ла Газета дело Спорт, кој е запознаен со условите во хрватскиот фудбал, а воедно е легенда на Милан.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Истакна дека на Италијанците нема да им биде лесно:

„Станува збор за талентиран тим кој во Хрватска секогаш игра на победа и знае каков пристап треба да има во натпреварите од Лигата на шампионите. Со должно почитување кон Слован од Братислава, гостувањето на Максимир е ниво погоре според тежината“, изјави Гатузо, при што ги истакна играчите на Динамо, Мартин Батурина и Петар Сучиќ.

Го спомена и Фабио Канаваро кој ја презеде тренерската позиција на Динамо:

„Јас добро работам во Сплит, Федерико Копителли си ја врши својата работа во Осиек. Да речеме дека италијанските тренери сега се во мода во Хрватска“, беше коментарот на Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…