Дома Останати Ракомет Галевски знае каде летово нема да оди на одмор – во Грција!

Галевски знае каде летово нема да оди на одмор – во Грција!

Младиот чувар на мрежата на Алкалоид, Иван Галевски, кој блесна во првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп против АЕК во Атина, вели дека ова лето ќе ја одмине Грција на мапата на неговите патувања. Причината? Атмосферата по одличната партија и петте клучни одбрани од седум метри кои сериозно го налутија противничкиот табор.

„На одмор летово нема да одам во Грција, туку нешто подалеку“, изјави Галевски со доза на хумор, но и со свесност за тензијата што ја предизвика неговиот настап во главниот град на Грција.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Иако Алкалоид ќе го пречека реваншот со солидна позитива од четири голови (29-25), младиот голман предупредува дека финалето е далеку од решено.

„АЕК е тим со квалитетни и искусни играчи. Ќе биде тежок натпревар, но овојпат ќе имаме нешто што ни недостасуваше во Атина – нашата публика. Ако го испочитуваме планот на тренерот и одиграме дисциплинирано, верувам дека ќе успееме“, порача Галевски, кој зрачи со самодоверба пред најголемиот клупски предизвик.

Алкалоид сезонава има перфектен биланс на домашен терен во рамките на Европскиот куп, а очекувањата се дека победничката низа ќе продолжи и ќе резултира со прв европски трофеј во историјата на клубот. Македонскиот ракомет е на чекор до нова страница во својата спортска хроника.

Фото: РК Алкалоид
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

АЕК во финалето во „Борис Трајковски“ ќе гостува со навивачи!

Сè е подготвено за големото финале во Европскиот куп – реванш-натпреварот меѓу Алкалоид и …