
Фудбалерите на Лос Анџелес Галакси доживеаја еден од најтешките порази во својата историја бидејќи беа понижени во Њујорк од Ред Бул со дури 0-7, а она што го направи тренерот на гостинскиот тим веднаш по завршувањето на натпреварот е неверојатно.
ЛА Галакси обично е меѓу главните кандидати за освојувањето на титулата во МЛС лигата, но оваа сезона овој тим игра под сите очекувања.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Во досега одиграните 12 кола во МЛС, Галакси се уште е без победа и е закован за дното на табелата во Западната конференција со само три освоени поени.
Сепак, она што ја прели чашата е синоќешната срамота на ЛА Галакси на гостувањето кај Њујорк Ред Бул каде што играчите на овој тим доживеа една од најголемите срамоти во историјата на овој клуб.
Тренерот на ЛА Галакси, Грег Вани, не им дозволи на никој од својот тим да влезе во соблекувалната иако многумина играчи сакаа што побрзо да го сторат тоа. Тој им рече да останат на теренот и пред сите им одржа лекција.
Говорот на тренерот на Галакси траеше долго додека останатите играчи го гледаа и слушаа, и се гледаше дека сакаат што побрзо да побегнат од теренот во соблекувалната.
Greg Vanney has the whole team huddled in midfield.#LAGalaxy | #MLS pic.twitter.com/qrtn6TyTQp
— Caleb Pongratz (@CalebPongratz10) May 11, 2025
Фото: Снимка на екран