Дома Фудбал Фудбалерките до 17 години го освоија првото место на турнирот во Скопје

Фудбалерките до 17 години го освоија првото место на турнирот во Скопје

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А дизивијата од квалификациите за ЕП. кој се одржува во Скопје.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Нашата репрезентација ја победија Словенија со минимален резултат 1:0 во битката за првото место во групата.

Женската репрезентација до 17 години, го освои првото место во групата 6 (Б лига) и обезбеди промоција во А лигата.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” Македонија и Словенија одиграа тврд натпревар, со голема борба и пожртвуваност. Стрелец на единствениот погодок на денешната средба беше Настасја Накова во 8. минута.

Македонија – Словенија   1:0 (1:0)

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Настасја Накова, Блехана Алиеска, Канита Емини, Мила Панева, Ева Величкова, Теона Галабовска, Меланија Грозданова, Ана Марија Цветкоска, Калина Попески, Елена Наумоска;

Селектор: Катерина Милеска;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда заработува 15 милиони евра, но ќе ја намали платата за да се врати во Германија!?

Џејдон Санчо би можел летово да се врати во Борусија Дортмунд. Раководството на клубот нав…