Дома Фудбал Фудбалер од Премиер лигата е уапсен

Фудбалер од Премиер лигата е уапсен

Познат фудбалер од тим во Премиер лигата, чиишто детали не се откриваат, е уапсен во централниот дел на Лондон под сомнение за напад, учество во тепачка и нарушување на јавниот ред.

Од полицијата соопштија дека инцидентот се случил во раните часови во саботата во областа Вест Енд. Властите примиле дојава за напад во 00:47 ч. по локално време. Подоцна, локалните медиуми неофицијално објавија дека станува збор за десниот бек на Кристал Палас – Даниел Муњос.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


29-годишниот играч е задржан на местото на настанот по две обвинувања за напад и едно за учество во тепачка. Повредениот бил пренесен во болница со рани кои според полицијата не се опасни по живот. Според информации обезбедени на BBC Sport, фудбалерот е пуштен на слобода со кауција додека истрагата продолжува. Поради правни причини, неговото име не може да биде откриено.

Во Обединетото Кралство е реткост полицијата да го објавува или потврдува името на уапсено лице. Оваа практика е воведена по истрагата „Левинсон“ за британските медиуми во 2012 година. Според препораките, имињата на осомничените треба да се откриваат само во „исклучителни и јасно дефинирани околности“. Обично името се соопштува јавно само по покренување официјални обвиненија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ откри која репрезентација би ја избрал Хрватска или Босна (Видео)

Во третиот дел од разговорот со во емисијата ‘(Не)успех на шампионите: Специјал со С…