„Во мојата повеќе од 20-годишна тренерска кариера, ова е најспецијалниот трофеј што сум го освоил“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по триумфот на „Црвените“ во финалето на англискиот Лига куп. Фудбалерите на Ливерпул го освоија Лига купот откако во финалето на стадионот Вембли по продолженијата го совладаа Челзи со 1:0. Прашањето на победникот го реши Вирџил ван Дијк со …