Дома Фудбал Англија Арсенал има неверојатен почеток на 2024 година – најдобри се во Премиер лигата!

Арсенал има неверојатен почеток на 2024 година – најдобри се во Премиер лигата!

Екипата на Арсенал е тимот со најдобра форма во 2024 година во Премиер лигата.

Во Премиер лигата избраниците на Микел Артета одиграа шест натпревари и победија на секој од нив, а играа и со Ливерпул. Исто така гол-разликата која ја имаат е импресивна 25-3. Арсенал прими по еден гол само од Нотингем, Ливерпул и Њукасл.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, во ниту еден од тие натпревари лондонскиот клуб не беше во негатива, а најдолго издржа Нотингем (до 65. минута). Арсенал последниот пораз го претрпе во последниот ден од 2023 (31 декември) од Фулам со 1:2.

Арсенал до крајот на сезоната има уште 12 кола и тоа не премногу тежок распоред на хартија. Најважен веројатно ќе биде натпреварот против Манчестер Сити, додека незгодно е и гостувањето кај Тотенхем во претпоследното коло, меѓутоа тука е и Брајтон. Дефинитивно не чека интересна битка за титулата помеѓу Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…