Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги пофали своите играчи по победата над Бормут нарекувајќи ги „супермени“ додека ја продолжуваат трката за четврта титула во низа во Премиер лигата.
Голот на Фил Фоден им беше доволен за победа од 1:0 со што „граѓаните“ се вратија на еден бод зад Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гвардиола ги пофали фудбалерите бидејќи успеале да пронајдат начин за победа иако во средата играле против Брентфорд.
„Ги обожавам своите играчи, тие се супермени“, изјави Гвардиола за „Скај“.
„Навистина се одлични. Ние веќе неколку години наназад играме на секои три дена. Ривалите имаат по седум дена припрема за натпреварите. Ние секогаш имаме многу помалку. Во овој момент бараме премногу од фудбалерите, но тие се уште одговараат на задачите.
Знаеме дека луѓето ќе зборуваат како заработуваат многу пари, меѓутоа ваквиот распоред е премногу искрено. Имаат неверојатен карактер и се натпреварувачки фокусирани, дури и кога се уморни“, изјави Гвардиола.