Јувентус во вчерашниот натпревар против Монако обезбеди пласман во финалето од Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните за победата беше Бразилецот Дани Алвеш. Алвеш во победата од 2:1 во реваншот запиша асистенција и погодок, кој беше навистина прекрасен, а не треба да се заборават и неговите две асистенции од првиот натпревар во кој клубот од Торино славеше со 2:0. …