Јувентус игра непрепознатливо од почетокот на сезоната, но до сега критиките кон тимот и новиот тренер Андреа Пирло не беа толку силни. Медиумите на Апенините меѓутоа жестоко го критикуваа италијанскиот шампион после поразот од Барселона во Лигата на шампиони. Каталонците победија со 2:0 во Торино, а домаќините кои беа без Кристиано Роналдо целосно потфрлија на мечот, тврдат медиумите во Италија. …