Jувентус вчера беше поразен на свој терен од Барселона со 0:2 во рамките од натпревар во 2. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона полесно од очекуваното дојде до победа во Торино. Головите за гостите ги постигнаа Осман Дембеле и Лионел Меси.
И Јувентус успеа три пати да ја затресе мрежата на Каталонците предку Алваро Мората, но Шпанецот во сите три ситуации беше во офсајд и головите беа оправдано поништени. (Ситуациите погледнете ги тука).
Меѓутоа Јувентус од поодамна не бил толку немоќен на свој терен. Јасно е дека на „старата дама“ и фалеа неколку играчи, пред се тука се мисли на Кристиано Роналдо, но екипата изгледаше целосно индиспонирано.
Колку Јувентус беше лош вчера покажува и статистиката. Имено, не сметајќи ги офсајд позициите на Мората играчите на Јувентус не упатиле ниту еден удар во рамките од голот на противникот.
Навистина е тешко да се пронајде податок кога Јувентус последен пат одиграл натпревар без да упати удар во рамките од противничкиот гол.