Милан со многу среќа ја совлада Црвена Звезда и дојде до добра позиција кога е во прашање нокаут фазата од Лигата на шампионите, но тој факт не го задоволи тренерот на „Росонерите“, Пауло Фонсека, кој е доста разочаран од односот на неговиот тим кон натпреварот.
Португалецот вели дека на теренот се чувствувал поуморен отколку кога играл, а играчите имале само една обврска – да дадат се од себе, но немал впечаток дека го направиле тоа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
“Се чувствувам уморен како да играв. Јас сум некој кој не е задоволен само со резултатот. Ако ме прашате дали сум задоволен од настапот, не би добиле потврден одговор. Резултатот е најважен, ние победивме и сме во добра позиција.
Исто така, уморен сум да се борам со овие работи. Морам прво да разговарам со тимот, да не зборувам овде, сакам да анализирам што се случи. Но некои работи ми се јасни, не сум задоволен од настапот. Не се работи за тактика или техника. Одигравме решавачки натпревар за нас, но впечаток е дека не го дадовме максимумот за победа, а тоа е најлошото чувство за еден тренер“, изјави Фонсека.
Очигледно е подготвен да преземе радикални мерки за да го размрда тимот, бидејќи моменталната ситуација не ветува успех во преостанатиот дел од сезоната.
„Никогаш нема да престанам, совеста ми е чиста. Ако има потреба да донесам момци од младинскиот тим, ќе го сторам тоа – нема проблем“, додаде Фонсека.