Дома Фудбал Флик соопшти одлични вести за навивачите на Барселона

Флик соопшти одлични вести за навивачите на Барселона

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го потврди враќањето на Ламин Jамал ​​на терените овој викенд.

Поради повреда на скочниот зглоб, Jaмал не играше од почетокот на месецот, но тренираше со тимот во четврток и ќе биде во конкуренција за составот за претстојниот натпревар против Лас Палмас.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Ламин се врати и е подготвен за игра. Ќе видиме дали ќе стартува од првата минута“, изјави Флик, пренесоа шпанските медиуми.

Неделава на тренинзите им се врати и Роналд Араухо, но тој нема да биде во конкуренција за тимот.

„Тој тренира, секој ден е се подобар. Не би можел да го кажам точниот датум, но е многу блиску до враќање на теренот“.

Барселона утре од 14 часот ќе игра против Лас Палмас во 15. коло од Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата од денеска има нов рекордер!

Сезоната на англиската Премиер Лига навлезе во последната третина, а притисокот на врвот и…