Вчерашниот ден беше одличен за Барселона. Пласманот во финалето на шпанскиот Суперкуп и можноста за регистрација на Олмо и Виктор, за што говореше и Ханси Флик.
Судот на Барселона им одобри регистрација со мерки на претпазливост. Дани Олмо и Пау Виктор сега можат да бидат регистрирани за Барселона.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија ‘не смееше’ поради другите клубови да издаде регистрација, па Барса се обрати на шпанските судови и ја доби пресудата.
Оваа вест дојде веднаш пред натпреварот со Атлетик Билбао во шпанскиот Суперкуп, кој Барселона вчера го победи дури и без нив.
Каталонскиот тим славеше против баскискиот со 2:0, а стрелците беа Гави во првото и Јамал во второто полувреме.
Вечерва се игра второто полуфинале помеѓу Реал Мадрид и Мајорка, по што Барселона ќе го дознае противникот во финалето.
По синоќешната победа против Атлетик, Ханси Флик, тренерот на Барселона, даде изјава во која не ја криеше радоста.
“Многу сум среќен за нашиот клуб. И тие (Олмо и Виктор) се исто така среќни. Тоа беше добар знак пред натпреварот. Победата е за целиот тим, не само за нив”, рече тој и продолжи.
“Мислам дека заслуживме да победиме. Можеби не доминиравме како обично, но сум среќен. Целта беше финалето и среќен сум што не примивме гол.”