Барселона синоќа беше поразена од Атлетико Мадрид (1:2) во 18. коло од Примера. Навистина е чудо како гостите од Мадрид успеаја да слават, но пред сѐ треба да му се заблагодарат на голманот Јан Облак, како и на непрецизните напаѓачи на домашниот тим, најмногу на Роберт Левандовски.
Со оваа победа Атлетико се качи на врвот со 41 бод, Барса има 38 и еден натпревар повеќе. Реал е трет со 37 бода, но и со една натпревар помалку од градскиот ривал, односно две помалку од Барселона. Ова ни гарантира возбудлива трка за титулата во Шпанија до самиот крај.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Ханси Флик го најде виновникот за поразот, па во еден момент нервозно изјави: „Невозможно е да ги промашиш сите тие шанси“, додека се обраќаше кон Роберт Левандовски, бидејќи Полјакот навистина промашуваше некои зицери.
Флик исто така повторно не го искористи Френки де Јонг и на холандскиот играч му беше покажан патот кон излезната врата од Барселона, па наскоро тој ќе се збогува од клубот. Тој остана на клупата и интересно е дека ниту во продолжението не доби шанса да игра.