
Ханси Флик пред вечерашниот натпревар против Мајорка одржа прес-конференција на која објави одлични вести за тимот на Барселона.
Барселона вечерва во рамките на 33. коло од шпанската Ла Лига ќе одигра натпревар против Мајорка, уште еден многу важен во борбата за титулата шампион на Шпанија.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Натпреварот започнува во 21:30 часот, а каталонскиот клуб е голем фаворит особено со оглед на тоа кои се влоговите на масата.
Во моментов се на +4 бода во однос на второпласираниот Реал Мадрид и сигурно сакаат да ја задржат предноста и да го стабилизираат своето место на табелата.
Пред овој меч, шефот на стручниот штаб на Барселона – Ханси Флик, се појави пред новинарите и одржа интересна прес-конференција.
На прес-конференцијата меѓу другото зборуваше за повредите и потврди и одлични вести за сите симпатизери на Барселона.
Флик кажа дека Марк-Андре Тер Штеген ќе биде подготвен за големото финале на Купот на Кралот против најголемиот ривал – Реал Мадрид.
„Тер Штеген е подготвен. Ќе треба да разговараме за следните чекори за него“, започна Ханси Флик.
„Сега мора да почекаме и да процениме кое е вистинското време за неговото враќање меѓу стативите“, додаде германскиот тренер.
Фото: Барселона/ФБ