Дома Фудбал ФИФА казни два клуба за местење на натпревари

ФИФА казни два клуба за местење на натпревари

Меѓународната федерација за фудбал (ФИФА) казни два клуба од Кенија и Виетнам поради манипулирање со исходот од фудбалски натпревари и ги исфрли во третите дивизии на земјите, соопштува агенцијата Ројтерс.

Дисциплинската комисија (ДК) при ФИФА откри дека кенискиот Мухорони спроведувал „активности поврзани со манипулација на фудбалски натпревари и турнири“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дел од казната е отстранувањето на тимот од втората дивизија и испраќањето во трета. Виетнамскиот Фу То исто така е виновен за местење на натпревари и исто така е испратен од втора во трета дивизија. ДК при ФИФА додава дека двата клуба се информирани за одлуките и имаат право да ги обжалат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Пакета поради Фламенго ја одби Лигата на шампионите и останувањето во Лондон?!

Лукас Пакета е претставен како новото засилување на Фламенго, кој го сруши рекордот за нег…