
На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.
Реформите кои ги најави раководството на Фудбалската федерација на Македонија се случуваат со конкретни одлуки и промени во натпреварувачкиот систем. Го менуваме системот одвнатре, поставувајќи темели за пофункционален, поквалитетен и стабилен развој на МФЛ.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Именување на нов претседател на Комисијата за натпреварување
Управниот одбор на ФФМ ја донесе одлуката за именување на Васко Дојчиновски за претседател на Комисијата за натпреварување.
Нова структура на натпреварувачкиот систем од сезона 2026/27
Едногласно беше прифатен предлогот на работната група (Агим Ибраими, Сашо Здравевски и Игор Франговски) за промена на системот на натпреварување во македонските фудбалски лиги.
Со оваа одлука: Се усвојува нов систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27. Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.
Во продолжение, погледнете го моделот на новиот систем на натпреварување во МФЛ:

Oстанатите одлуки можете да ги видите – ТУКА.