Ливерпул го победи Реал Мадрид со 2:0 во најатрактивниот натпревар од петтото коло во Лигата на шампионите.
Стрелци за англискиот тим беа Алексис Мек Алистер и Коди Гакпо.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Рио Фердинанд, легендата на Манчестер Јунајтед, во стручна анализа за ТНТ по натпреварот изјави дека Црвените изгледаат како најдобриот тим во Европа.
„Во моментов изгледаат како најдобриот тим во Европа. Играат како тим и изгледаат како најгладни поединци. Не само што добиваат резултати, туку изгледаат и гладни.
Изгледаат како да не се хранети со години, како ротвајлери кои трчаат низ теренот бркајќи други тимови“, рече Фердинанд.