Иако ситуацијата сè уште не е толку алармантна, испаѓањето на клубот со најмногу титули во Англија од лигата е тема која денови наназад го следи Манчестер Јунајтед.
Најголемиот фудбалски бренд во Англија е во катастрофална состојба. Клубот е 15-ти на табелата и само два клуба го одделуваат од зоната на испаѓање, а веќе е крај на февруари.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Манчестер Јунајтед има среќа што ривалите од зоната за испаѓање никако не почнуваат да освојуваат бодови, како што се Лестер, Ипсвич, Вулверхемптон… и клубот сè уште е на 12 бодови од испаѓање.
Сепак, легендарниот дефанзивец на Јунајтед, Рио Фердинанд, не е сигурен дали неговиот тим ќе остане во лигата и своите загрижувачки тези ги изнесе во својот популарен подкаст.
Фердинанд нагласи дека тимот моментално има 29 бодови, но за опстанок традиционално е потребен “магичниот” број од 40 бодови. Тој не гледа начин како Јунајтед би освоил 11 бодови до крајот на сезоната.
“Само Вулвси и Вест Хем го одделуваат мојот клуб од испаѓање. Сфаќате ли колку сме блиску? Речено е дека ни требаат 11 бодови за да останеме во лигата и почнав така да размислувам. Еве тука имам список на натпревари и многу сум сериозен. Како да го поминеме тоа?”, прашува Фердинанд, а потоа се осврнува на распоредот:
“Евертон на гости, Ипсвич дома, Арсенал и Форест на гости, Манчестер Сити и Њукасл на гости, потоа Вулвси, Брентфорд, Брајтон, Челси, Астон Вила и Лестер. Единото место каде потенцијално гледам дека можеме да добиеме нешто, а дури не можам ни да предвидам победа, е Лестер. Веќе сме ги победиле Лестер неколку пати оваа сезона, па ги сметам тие”, зборува загрижениот Фердинанд.
Rio Ferdinand has revealed Manchester United’s “problem” amid fears over relegation. https://t.co/Xj9Ae7PmR4
— Irish Independent Sport (@IndoSport) February 18, 2025
Некогашниот англиски репрезентативец не гледа каде Манчестер Јунајтед може да освои три бодови до крајот на сезоната.
“Обично го гледате списокот на натпревари и можете да видите каде може да дојдете до бодови. Сега го погледнавме списокот на натпревари и не гледам тука директни победи. Не го гледам списокот мислејќи дека овде ќе освоиме три бодови, таму три бодови. Тоа е проблем”, заклучува поранешниот капитен.
Минатата сезона Манчестер Јунајтед го оствари најлошиот пласман во историјата на Премиер лигата со освоено осмо место. Оваа сезона тој учинок изгледа како недостижен и сите се во страв од исходот на најлошата сезона во историјата.