
Многу се мали шансите да го гледаме Милан во Лигата на шампионите следната сезона, а причината за тоа се слабите игри во првенството.
Пауло Фонсека доби отказ во декември, Консесао не го унапреди тимот значително, а што мисли за сето ова легендарниот фудбалер Марсел Десаи?
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Разочаран сум, Милан денес е мешавина од различни проблеми. Сезоната започна лошо, имаше моменти кога мислевме дека го свртеа текот, но сите брзо сфатија дека на тимот му недостига лидерство за да биде конкурентен. Секој тим што е пред нив има јасна филозофија. Погледнете го Интер кој со години го задржува истиот систем 3-5-2. Играат и со срце. Не мислам дека Милан има помалку квалитетни поединци, но им недостига хемија“, рече Десаи.
Најмалку му се допаѓа потегот со доведувањето на Жоао Феликс на позајмица.
„Милан има толку добри играчи, погледнете ги Леао, Ејбрахам, Пулишиќ, Хименез, Рејндерс, сите имаат квалитет, но немаат лидер. Жоао Феликс е играч со голем талент, но сѐ уште не го најде своето место. Никаде не направи значајно влијание на играта. Во овој момент му треба клуб што ќе ја гради играта околу него, јас би предложил ПСЖ. Неговата слабост не е техниката, туку карактерот. Не е лидер, не е она што на Милан му е потребно. Нема таа ментална сила“, рече тој.
Фото: Милан/ФБ
.