Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги предводи „граѓаните“, а една од главните причини сигурно е повредата на Шпанецот Родри.
Гвардиола не крие дека Родри е еден од неговите најважни фудбалери и во една од последните изјави го спореди дури и со Мајкл Џордан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Играме без најдобриот фудбалер во Премиер лигата и освојувачот на „Златната топка“. Кажете ми колку прстени освои Чикаго откако Џордан се пензионираше“, гласеше изјавата на Пеп.
Поради тоа сега за Гвардиола пристигнуваат фантастични вести. Имено, првичните информации беа дека актуелната сезона за Родри е завршена, но сега ситуацијата се променила.
Дел од медиумите на Островот пренесуваат дека опоравувањето на Родри оди многу подобро од очекуваната и тој би можел да се врати на терените во текот на пролетта, односно во финишот на сезоната.
Ова секако би било голема вест за Ппе и неговиот тим, но останува да видиме дали и ќе се остварат ваквите најави.