Дома Фудбал Фабрицио Романо најави големо засилување за Партизан – млад фудбалер доаѓа од Наполи!

Фабрицио Романо најави големо засилување за Партизан – млад фудбалер доаѓа од Наполи!

Изгледа дека повеќе нема дилема – Матија Поповиќ ќе се врати во Партизан ова лето!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Талентираниот офанзивец минатото лето беше дел од Наполи, но таму сеуште не доби прилика да се наметне, па новото раководство на Партизан изрази голема желба да го врати ”своето дете” дома, каде што ќе може сериозно да се развива фудбалски, заедно со играчите со кои порасна и кои ова лето станаа носители на играта на црно-белите.

Минатата недела, за 19-годишниот Матија Поповиќ зборуваа и Вања Драгојевиќ и Огнен Угрешиќ и нагласија неговата голема желба да им се придружи, а дека ќе се оствари таа желба, вечерва објави и италијанскиот новинар Фабрицио Романо на мрежата ”X”, како своја ексклузивна информација.

”Ексклузивно: Матија Поповиќ го напушта Наполи со непосреден ефект и се приклучува на белградски Партизан.

Договорен е трансфер без надомест, со процент од идната продажба”, потврди Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …