Дома Фудбал Англија EУФОРИЈА ВО МАНЧЕСТЕР: Фергусон ќе му помага на Солскјер!

EУФОРИЈА ВО МАНЧЕСТЕР: Фергусон ќе му помага на Солскјер!

Oле Гунар Солскјер имаше одличен прв натпревар на клупата на Манчестер Јунајтед остварувајќи победа на гостувањето кај Кардиф со 1:5.

Норвежанецот на клупата на „ѓаволите“ го наследи Жозе Мурињо и прифати да го води клубот до крајот на сезоната како привремено решено. Сепак, ако ги исполни очекувањата ќе биде задржан и подолг период тоа го покажува и неговата клазула договор (ако сака да го задржи подолго Јунајтед ќе му плати 8 милиони евра на Молде).

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Солскјер на конференцијата после натпреварот откри дека е во постојана консултација со Сер Алекс Фергусон.

Меѓутоа на полноќ, „Сан“ излезе со ексклузива која сигурно ќе ги израдува навивачите Манчестер Јунајтед

Според овој медиум легендарниот Ферги ќе има многу посериозна улога бидејќи наводно ќе му биде консултант на Солскјер.

Ова значи дека Фергусон ќе му биде на располагање на Солскјер во секо време и ќе му дава совети и мислења за потезите на трансфер пазарот или составувањето на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси веќе стана рекорд во МЛС – го симна Игуаин од врвот!

Лионел Меси постигна гол против Торонто и веќе сега стана рекордер на Интер Мајами. Торонт…