Дома Останати Ракомет ЕХФ одби да го одложи мечот меѓу Словенија и Македонија

ЕХФ одби да го одложи мечот меѓу Словенија и Македонија

По страшната трагедија што го потресе Кочани и цела Македонија, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) побара одложување на претстојниот натпревар против Словенија во рамките на квалификациите за Европското првенство (ЕП). Сепак, Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одби барањето за пролонгирање на натпреварот, со што натпреварот ќе се одигра според првично утврдениот распоред.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Од РФМ информираат дека веднаш по трагичниот настан стапиле во контакт со челниците на ЕХФ, апелирајќи за разбирање и солидарност поради националната несреќа во која животот го загубија најмалку 59 лица, а над 150 се хоспитализирани. Но, и покрај напорите и јасно искажаниот став, барањето за одложување не било прифатено.

„Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот помеѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше оддобрено. Натпреварот ќе започне со минута молк“, соопшти РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер го има голот на сезоната во ЛШ! (Видео)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во Лигата на шампио…