
Сао Пауло успеа синоќа како гостин да го совлада Либертад со 2:0 во натпреварот од третото коло на групната фаза на Копа Либертадорес, а натпреварот го обележа промашениот пенал на еден од играчите на парагвајскиот клуб.
Сао Пауло успеа да освои три бода на гостувањето во Парагвај, а прашањето за победникот го решија во второто полувреме.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Бразилскиот клуб стигна до предност во 62. минута од натпреварот кога Лукас Фереира погоди за 0:1 со асистенција од Андре Силва.
Токму Андре Силва беше тој кој 20 минути подоцна стави крај на оваа игра со поставување на конечниот резултат 0:2.
Меѓутоа, она што го обележа овој натпревар го видовме во 70. минута при резултат 0:1 кога Либертад можеше да дојде до израмнување.
Либертад доби пенал недолго по применетиот гол, а одговорноста ја презеде Лоренцо Мелгарехо кој се посрамоти за сите времиња поради начинот на кој одлучи да го изведе најстрогиот казнен удар.
Играчот на домашниот тим воопшто не сакаше да се залета и шутираше од место, но наместо мрежата ја погоди пречката на Сао Пауло и на семафорот остана 0:1.
Ова промашување на играчот од парагвајскиот клуб е главна тема на социјалните мрежи.
Melgarejo (Libertad) еден чекор пенал против Сао Пауло.
одu/Vinciromero вофудбал