
Иако мандатот на Аморим на Олд Трафорд заврши без посакуваниот резултатски напредок, многу детали од заднината сега излегуваат на виделина, вклучително и неговиот сложен однос со младиот играч од средината на теренот, Коби Мејно.
Мејно, еден од најталентираните играчи кои ги произвела академијата на Манчестер Јунајтед во последните години, не успеа да обезбеди континуитет на настапи под португалскиот стратег, иако очекувањата на навивачите беа големи.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
За време на сезоната, Мејно често добиваше ограничена минутажа, а во одредени важни натпревари целосно остануваше на клупата, што дополнително ги разгоруваше приказните за несогласувања меѓу играчот и тренерот.
Според информации блиски до клубот, тензиите кулминирале пред крајот на минатата сезона во тренинг-центарот Карингтон, каде што дошло до жешка размена на зборови помеѓу Аморим и младиот играч од средината на теренот.
Тој инцидент не остана само внатре во ѕидовите на клубот, бидејќи брзо стана јасно дека семејството на Мејно не било задоволно од начинот на кој тренерот се однесувал кон нивниот син.
И покрај притисоците и шпекулациите за можен заминување, Мејно одлучи да остане во Манчестер Јунајтед, верувајќи дека ситуацијата ќе се промени и дека долгорочно ќе има поголема улога во тимот.
Неговата одлука да остане сега изгледа како потег што се исплати, со оглед на тоа дека Аморим денеска и официјално е разрешен од должностите.