Дома Фудбал Италија Eлмас поради Гарсија заминува од Наполи?

Eлмас поради Гарсија заминува од Наполи?

„Кориере дело Спорт“ и уште неколку италијански медиуми блиску до клубот од Неапол, објавија дека Наполи поради Руди Гарсија кој има лоши резултати ризикува да остане без Елиф Елмас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Руди Гарсија скоро и да не му дава минутажа на Елмас, а на Наполи не му оди и прашање е до кога Де Лаурентис ќе има трпение. Но, ако Гарсија остане подолг период, Наполи веќе во јануари може да остане без Елмас.

Ниту навивачите не се среќни што Елмас игра многу малку, додека Гарсија експериментира со Распадори во средниот ред.

Елмас и самиот наводно не бил задоволен, што веројатно е и очекувано ако се погледнат неговите минути сезонава. Договорот на Елмас има важност до 2025 година, се најавуваше дека Наполи сака да го задржи, но прашање е што ќе се случува поради Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е лицето на фудбалер кој се обидува да разбере што му говори судијата на лош англиски

БРАЗИЛСКИОТ судија Вилтон Сампајо стана една од главните теми на првата вечер на Светското…